Shko te përmbajtja

Përdoruesi diskutim:Lege Artis

Përmbajtja e faqes nuk mbështetet në gjuhë të tjera.
Shto temë
Nga Wikipedia, enciklopedia e lirë
Kjo faqe këtu është vetëm për diskutim mbi përdoruesin Lege Artis. Wikipedia nxit diskutimin mes vullnetarëve të saj dhe nuk do të censurojë komente bazuar në pikëpamjet ideologjike ose politike. Wikipedia nuk do t’i ndryshojë komentet. Ato ose do të publikohen, ose do të fshihen nëse nuk u binden rregullave kryesore.
Fillo një temë të re diskutimi.
Ju lutemi nënshkruani me: – ~~~~

Të gjitha komentet u nënshtrohen këtyre rregullave:

  • Përmbajuni temës!
  • Nuk lejohen: sharje, fyerje, fjalor i papërshtatshëm, gjuhë që përmban urrejtje, sulme personale, thirrje për dhunë apo çdo qëndrim tjetër jo i rregullt.
                    Презентирање на случај (п.с)



                                РЕЗИДУАЛНА ЦИСТА



              Др.Мр.Сци. Х.ХАВЗИУ.1.
              Др.Хаки Адили.2.  
               Др.Зилќифли Цана.3.
               Фламур Хавзиу. 4.                                                       








                                                                        П.З.У ЛЕГЕ АРТИС-ГОСТИВАР
                                                                              Јуни. 2009.


Адреса: Бул.Браќа Ѓиноски бр 15

  Гостивар.Р.М.

Тел:070251773 Е-mail:dr.hasim@hotmail.com



                                                         АПСТРАКТ


Резидуалните цисти се коскени лезии кој се појавуват многу ретко во безабните вилици или парциално бесзабост.Тие се развиват после остатоци од периапикланите процеси како грануломи или радикуларните цисти после екстракција на забот.Фактички тие се радикуларни неислекувани цисти,после екстаркација на забот или радиксот.

 Целта на трудот е да презентираме приказ на случајкаде е направено лекување на пациентот каде беше диагностицирано резидуална циста локализирана во ментална регија и корпус мандибулае со истакнати големини.
 Пациентот беше во 70 годишна возрасти, двете вилици без заби кои беа екстрахирани пред 30 години.
 Лекувањето е извршено со хируршки третман enukleatio in toto Partsch II како и сутурирано per primam.
  Како конклузиа може да кажеме дека и кај големите коскени лезии како што се радикуларните или резидуалните цисти со големи димензии после нивна тотална енуклеација дефектот може да се затвара per primam.Следењето на клиничката и радиографската ситуација е направено после 2-6-12 месеци за да видиме ситуацијата на регенерација на цистичниот кавитет.
 Имајќи предвид способноста на регенерација на виличните коскени ткиви каде една добра организација на куагулација на крвта во коскениот дефект сигурно ќе имаме едно адекватно лекување.Како превенција сме употребиле медикаменти како што се антибиотици,антифлогистички како и домашни советувања.



  КЛУЧНИ ЗБОРОВИ:  Резидуална циста,ретракција на куагулумот,еnucleatio in toto, per primam.










                              ВОВЕД


Резидуална циста е патолошка коскена творба или лезија која се развива од останатиот ткивен епител после вадење на забот ,или останатиот корен,остатокот на периапикалните процеси како грануларно,пета радикуларна циста .Kaj сите овие патологи(случаеви) aкo не се направи адекватна киретажа,после вадење на забот. (1.7.8).



Резидулна циста по светската здраствена класификација спаѓа во групата на епителни одонтогени инфламаторни цисти KILLEY ,MAIN покажуваат дека резидуалните цисти се поретко фреквентни од сите други одонтогени цисти и тоа некаде се застапени 10%. (5.)


 Една од основните карактеристики на ова патологија е цистата има прогредиентна раст што тој раст доведува до коскената ресорпција околу цистата и тоа повеќе на коскениот дел на букалната ламина на вилицата.Пераманентниот раст често пати доведува до куализија на цистата со анатомските структури како син.максиларис,кавум нази,компресија на н.мандибуларис (а.в.н алвеоларис инфериор),потоа транзиторна парастезијана н.алвеоларис инфериор тоа е резултат на механички притисок што цистата врши на неуроваскуларниот сплет (2).


Растот на резидуалната циста во долната вилица е специфична, таа расте мезио-дистално и каудално-вестибуларно и затоа во долната вилица цистата има овално потисната форма. (2.)

Отокот што се појавува во вестибулумот претставува важен фактор,како што цистата расте истата ја менува морфолошката конфигурација на алвеоларниот гребен.Експанзијата на цистата во главном е на вестибуларната страна и така ја елонгира кортикорниот дел на вилицата.Поради истенчувањето на кортексот на коската објективно се гледа плавкаста боја на мукозата и често пати палпаторно имаме присатство на Дипитреовиот феномен.

Ненавремено третирање на цистата истата има штетно влијание врз општата здраствена состојба, и можноста да претставува потенциал за едно фокално жариште со влијание врз другите системи и органи во организмот.



                                              КЛИНИЧКА СЛИКА

Резидуалната циста не се разликува многу од радикуларната циста, е локализирано повеќе во безабните вилици и безабните предели.Повеќе се појавуват кај пациенти во средна или старосна возраст.

 Ако резидуалната циста не се инфламира истата не доведува до никакви субјективни симптоми се разбира кај цистите со помала димензија,истата ако се инфламира дава една јака клиничка слика со сите симптоми на една инфламира регија со оток,болка,температура и т.н.Кај поголеми случаеви на цисти при аспирација добиваме густ содржај со жолта боја и кристали на холестерол.



                                                      ДИЈАГНОЗА


Дијагнозата на резидуалната циста не претставуване претставува некоја тешкотија имајќи во предвид голем број на клиничкиметоди кој овозможуват сигурна дијагноза.Сепак точна и прецизна дијагноза ја дефинира хистопатолошката верификација.

 Голем број на овие цисти со помала димензијаслучајно се откриват со рг снимка при некој стоматолошки рендгенски преглед за време на некоја стоматолошка интервенција.Додека број на цисти се откриват кога имаме случаеви со појавување на првите клинички манифестаци како акутна егзацербација на цистата.
 Дијагнозата на резидуалната циста се одредува врз основа на клиничка егзаминација,анамнеза,објективниот преглед,инспекција,палпација,сондирање,аспирација,биопсија, рентген,панорама,ц5 и др.Како метода за точно одредување на клиничката дијагноза на ова лезија е рентгенот и тоа ретроалвеоларната и панорамата каде можеме точно да ја локализираме местоположбата,големината на цистата и односот со анатомските структури.
  Ренгенски се гледа округласта или елипсоидна издужена форма, со расветлување во безабната вилица со јасно периферна склеротична зона околу цистата (ако тоа не е инфламаторно) слика 1.  



  Сл.1 Резидуална циста во долната вилица.





                  ДИФЕРЕНЦИЈАЛНА ДИЈАГНОЗА-се мисли на:


-Анатомските структури (sin.maksillaris,cavum nasi,incisium,mentale).


-Коскено ваоспаленије (остеомиелитис).


-Нетуморознителезии-трауматска циста,хеморагична циста,стефнова циста,коскените анеуризми и.т.н.


-Туморозните лези.Амелобластомите.централниот хемангиом на вилицата,ензинофилни гранулом или хистоцитоза х,метостазите и.т.н.





                                               ТЕРАПИЈА         


Единствената терапија кај резидуалната циста е хирушки и тоа цистектомиа или Partach II (enucletio in toto), и вторат метода парциално одстранување на цистичниот сакус Partsch II (cistyctomia).


  Дефинитивната одлука со која метода ќе се интервенира хируршкиќе ја донесе самиот хирург,затоа пред оперативно се прави хируршки план кој план ги има овие цели:
    -интервенцијата да биде што атрауматски.
    -да се чуват анатомските структури.
    -и која метода ќе ја применуваме.
    -врста на инцизијата.
    -дали да ставиме алопластични материали за стабилизација на куагулумот и.т.н.  






                                        ЦЕЛ НА ТРУДОТ

Цел на овој труд е да прикажеме случај со клиничка дијагноза „cystis rezidualis“ со големина од неколку сантометри каде што беше локализирано во mentum mandibullare и дел од corpus mandibullare на двете страни каде што вестибуларната ламина целосно беше ресорбирана.




   Клинички случај 1.




За лекување се јавил пациент во возраст на 70 години,машки пол,поради оток во ментумот и болка.По земањето на анамнеза истиот кажа дека забите ги има вадено пред 30 години и во цело тоа време носел протези,каде што во моментот не можел да ги носи поради тегоби,болка и оток во долната вилица.Од нашата страна по земање на анамнезата и клиничка инспекција интраорално и екстраорално направивме и панорамикс,констатиравме дека се работи за една егзацербрална резидуална циста со големина од неколку сантиметри.



  Слика 2. прикажано оток во вестибулумот
Пациентот имаше јаки болки при палпација, по одредување на клиничката дијагноза „cystis rezidualis“ направивме инцизија во најиспапчениот дел на мукозата каде што добивме големи количини на гној –хеморагичен секрет со лоша миризба.На истиот и му ставивме и дрен,потоа на болниот му препишавме медикаментозна терапија и совети да држи ладни облози.


 По 10 дена сите симптоми на една егзацербирана резидуална циста исчезнале и тогаш направивме хируршкиот план на случајот.Исто така се направени сите биохемиски анализи на болниот.


Дадено локална спроводна анестезија на двете страни на мандибулата и тоа Убистазин форте 4%со 3цм /3.подот на усната празнина и потоа ја направивме и резот по средината на гребенот од регија на 36 до 46.По дегажирањето на мукопериостотвидовме дека вестибуларната ламина беше целосно ресорбирана внимателно ја препариравме со цел да ја одстраниме целосно цистата.Почнувајќи од дистално односно постериорно кон медиално внимателно да не ги оштетиме a.v.n. alveolaris inferior.


 Сл 2 Препарирање на  a.v.n. alveolaris inferior.



Цистичниот сакус го одвоивме од коската со еден мал респораториум.По енуклацијата на цистата направивме туалета и хемостаза и пристапивме на примарно затварање на раната.Ако имаме голем коскен дефект со големина од неколку сантиметри (види сликата)раната ја шиеме пер примум.На самиот коскен дефект ставивме алопластичен материал помешан со аутогена коска која беше земена во пределот на ретронум мандибуларе и неколку парчиња гелотамп.Овие материали овозможуват да се куагулумот организира односно не доведуват да истиот да контрахира.Контракцијата на куагулумот е еден од нјачестите компликаци кај поголемите коскени дефекти.

 Нормално после интервенцијата на пациентот му е дадено медикаментозна терапиа и домашни совети.




Слика 4.големина на цистата . слика 5. сутура на раната. Оперативниот материал ја испративме во патолошкиот институт при медицински факултет Скопје каде ја добивме и патохистолошката дијагноза „cystis epthelialis rezidualis mandubullae inflamata“



Слика 6.патолошка дијагноза.






                                                 ДИСКУСИЈА.


Резидуалните цисти се ретка патолошка појава и се застапени околу 10% од сите одонтогени цисти.Често пати се мирни (асимптоматски) но ако се инфламират дават големи компликаци со клиничка слика на едне апцес (1.4.8).


 Нивниот прогредирентен раст често пати дават

функсионални компликаци ако цистата врши компресија на анатомските структури на н.алвеоларис инфериор и ресорпцијата на вестибуларниот кортекс што ја ослабуват самата вилица која под дејство на некоја физичка сила истата може да се фрактурира (1.8)


Обликот и величината на цистата имат големо влијание на зараснувањето на коскеното ткиво после енуклеацијата,кај елипсоидните форми на цисти крвниот куагулум помало се ретрахиранеко кај округластите (10).Па земајќи во предвид овој фактор зараснувањето на коскениот дефект во пределот на корпус мандубуле побрзо зараснува од другите делови на вилицата (Кристен).


Ла Бланк дава податоци дека од сите компликаци што можат да дават поголемите цисти се повредата на н.а.мандибуларис и повредата на а.инфериор може да дојде при енуклеацијата на цистата а тоа спрема Седанова класификација спаѓа во првата категорија (Неуропраксија) со блага парестезија,и ова компликација е реверзибилна.
 Ако внимателно се препарира сакусот ваквите компликаци ќе бидат намалени.













                                                     ЗАКЛУЧОК.


После секоја екстракција на радикси и гангренозни заби треба да се направи киретажа и да ги отстрануваме сите периапикални и инфламаторни ткива.А киретажата е релативна едноставна метода и е превентивна за спречување на развивање на ова патологија а спротивно сигурно ке се развива резидуална циста.

  Кај сите резидуални цисти терапијата е хируршка метода (енуклеатио ин тото).ако цистата е голема можеме да ја затвараме пер примумбез ризик на ретракција на куагулумот ако се стават желатински коцки или алопластични материали кој ќе ја стабилизират куагулумот.
 Затварањето на дефектот представува важен цел само поради големината на коскениот дефект што истата може да се исполни со аутографтати или биоматериали.
   Во нашиот случај дефектот е затваран пер примум и следејќи го пациентот и самат рана.Пациентот беше заштитен (превиниран).
После 4 недели на пациентот им поставивме протетски помагала (тотални протези) и ранат целосно беше санирана.
  Archer ,Van Doon, прикажуват добри резултати за регенирање на коскеното ткиво после енуклеатио на цистата со големи димензи повеќе од 7 цм и истите ги затварале пер примам и успехот им бил 95% од случаевите.


Најстручно и превентивно пред да се ваѓат забите и пред протетска рехабилитација да се направи панорамикс за да се види да нема некоја патолошки процес во коскената вилица.    











                                           LITERATURA:
     1.   Aleksandar Piscevic:Maksiofascijalnahirurgija   90:110; 1995.

2. FOWLER.C.B.,Brannon,R.B.:The para dental cyst:A clinicopathologic stdy of six New Cases and Review:oral Maxillofac.Surg.,47:243. 3. High. A.S.,Hirschmann,P.N.:Age changes in rezidual radicular cyst.J.of oral path., 15:524 (19960. 4. High,A.S.;Hirchmann,P.N.;Symptomatic residual radicular cyst , J.of oral path.,17:70, 1988. 5. Hasim.H.; Incidenca ,frekvencija na odontogenite radikularni cisti I terapeutskiot tretman .Magisterski trud.Maj 2005 Pristina. 6. Killey,H.C.,Kay,L,W.;Benign Cystic Lesions of Jaws, their diagnosis and Tretament.3th ed.churchil Lininstone,London. 7. Main,D.M.G.;Epithelial jaw cysts:10 years of the WHO classification.J.of oral path.., 14:1, 1995. 8. Petrovic,V.;Klinicka I laboratoriska istrazuvanja uloge imunohumoralnog sistema u etiopatogenezi radikularnih cista.Doktorska disertacija.Beograd. 9. Petrovic,V.;etiologija I patogeneza radikularnih cista.1993,Nauka.Beograd.str.65-69. 10. shean,M.:Cyst of the jaws:Recent Advances.J.of oral path. , 14:43 1985. 11. Stoneman,D.W.,Worth,H.M.: The mandibular infected buccal cyst-molar area.Dent.Radiog.phatg.56:1. 1983 12. Struthers,P.J.Aneurismal bone Cyst of the Jows.in J.Oral.Smg 13:92. 1984.

Nis një diskutim me Lege Artis

Nis një diskutim